Татко и син од Кавадарци осомничени за лихварство, дале позајмица од 80.000 а извлекле 700.000 денари

Објавено: 7 ноември, 2025, во 15:02 часот

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци привеле две лица од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Според полицијата, осомничените на оштетено лице од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари.

-Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но, бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

По издадена судска наредба, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци извршиле претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што биле пронајдени предмети за кои постоело сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.