Драстично намалено ниво на Тиквешкото Езеро – локалното население бара реакција
Објавено: 20 ноември, 2025, во 10:25 часот
Ниското ниво на вода во Тиквешкото Езеро предизвика загрижени реакции кај тиквешани кои објаснуваат дека моменталната состојба со езерото е жална и бараат преземање мерки за надминување на неповолната состојба.
Езерото во Кавадарци е втора по големина вештачка акумулација и кавадарчанецот Трајче Јоновски кој е само еден од повеќето кавадарчани коишто реагираат на намаленот ниво на водата, којшто објасни дека уништувањето на езерото трае до 2017 година.
– Јас конкретно сакам да ја опишам ситуацијата на Тиквешко Езеро. Сега котата е околу 240 м.н.в, а минималната кота треба да биде околу 250 м.н.в. Од 2017 годна па наваму трае уништувањето на езерото, рибниот фонд, биодиверзитетот на езерото, самиот опстанок на живиот свет, внатре во езерото и околу него, функционирањето на рибниците и на крајот граѓаните што имаат вили долж езерото, а еден од нив сум и јас, изјави Јоновски.
Дума.мк


