Од полноќ пониски цени на горивата

Објавено: 15 декември, 2025, во 14:47 часот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти во однос на одлуката од 12 декември 2025 година.

Со новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), се намалуваат за 2 денари по литар.

Со тоа, од 16 декември 2025 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,00 денари за литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,50 денари за литар
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 32,635 денари за килограм

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1 денар по литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС е пониска за 0,248 денари по килограм и изнесува 32,635 денари за килограм.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.