И злато вредно 190.000 евра може да се заборави во воз
Објавено на 18 јуни, 2020 во 14:17
18.06. 2020
Пакет со златни шипки е пронајден во воз кој во октомври пристигна во Сент Гален од Луцерн во Швајцарија.
Златото тешко повеќе од 3 килограми било пронајдено во еден од вагоните во возот. Официјални лица во Луцерн потрошиле осум месеци спроведувајќи „обемни истраги“ за пронаоѓање на сопственикот, но нивните напори биле залудни. Кога на крајот ќе го најдат вистинскиот сопственик, не е јасно како ќе можат да проверат дали златото ѝ припаѓа на таа личност.
Регионалните власти после неуспешната потрага по сопственикот, објавија јавен повик сопственикот да дојде и да си го преземе пакетот со доказ за сопственост.
Сопственикот има рок од пет години да го преземе пакетот.