Велешанецот Ѓоргиев го искачи највисокиот врв во Чиле „Охос Дел Саладо“, на границата со Аргентина (фото)
Објавено: 17 декември, 2025, во 12:31 часот
Експедицијата во која учествуваше познатиот македонски алпинист Тодорче Ѓоргиев го започна патувањето на 25 ноември, годинава, од Македонија или четири дена подоцна од Копиапо, град во пустината Атакама. Ѓоргиев за Дума.мк раскажа како стигна до највисок врв во Чиле и втор највисок врв во Јужна Америка, веднаш по неговиот остварен последен подвиг.
„ Атакама важи за најсуров и најсусв апустин на светот а условите не ни беа многу наклонети . Имавме повеќе кампови и аклиматизациони искачувања. Капови направивме на неколку локации и тоа „Valle Chico“ на 2500 метри н.м, „Laguna Santa Rosa“ на 3762 м.н.м и првото аклиматизационо искачување на „Sente Hermanos“ на 4878 м.н.в. Потоа заминавме во нареден камп „Laguna Verde“ сместен на 4350 м.н.в којшто ни беше главен камп и од кој ги искачивме врвовите за аклиматизација „San Francisco 6019“ и „Mulas Muertas“ до 5100 н.в., “ започна да раскажува Ѓоргиев.
Следна дестинација на експедицијата во која Ѓоргиев е единствен Велешанец била Аргентина.
„Првото аклиматизационо искачување го имавме на „Dos Conos“ на 5700 н.в. По тоа искачување направивме пауза од еден ден и повторно на планина на заслон „Tejos“ на 5872 н.в и заслон „Amistad “ на 6100 н.в . По сите овие префрлања во кампови и искачувања на 10 декември, годинава, во 04:30 часот, од надморска висина 5872 тргнавме на искачување на највисокиот врв на Чиле, со највисок вулкан во светот и втор по височина на јужната хемисвера, поточно врвот „Охос Дел Саладо“ на 6893 метри н.в. По 6 часа и 50 минути напорно искачување, по сипар, кој е тежок за движење и на температура под -20 степени Целзиусови, како и силен ветер , успеав да го искачам врвот . Целата експедиција траеше 12 дена во шатор и 6 искачувања на врвови. Од вкупно седуммината Македонци, кои што беа дел од оваа експедицијата, пет успеавме да се искачиме на „Охос дел Саладо“ на 6893 метри надморска височина,“ додаде Ѓоргиев.
Искачувањето за Тодорче Ѓоргиев на „Охос Дел Саладо“ во Јужна Америка, за него претставува остварен подвиг и совладан четврти највисок врв од вулканско потекло на четврти континенет по веќе искачените Елбрус на 5642 метри н.в во Европа, Дамаванд на 5671 метри н.в и во Азија, Килиманџаро на 5895 метри надморска висина .
Ѓоргиев, кој во Велес се враќа за неколку дена, на крај ја упати пораката: „Верувајте во себе!“
Убавка Јаневска
Фото галерија:










