Велешките крводарители денеска даруваа 37 крвни единици
Објавено на 22 јуни, 2020 во 17:08
22.06.2020
Велешани повторно хумани и во вонредната, трета, крводарителска акција годинава 37 крводарители даруваа крв. Од нив 29 се мажи и осум се жени. За прв пат тројца велешани даруваа крв.
-Се остварија нашите проценки според кои очекувавме одзивот да изнесува околу 40 лица. Акција е вонредна од веќе добро познатите причини на ниско ниво на крвни единици во услови на вонредна состојба во државата предизвикана од епидемијата со коронавирус, рече секретарот на ОО на Црвен крст Велес, Орце Николов.
Оваа хуманитарна организација и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја организираа вонредната крводарителска акција. Таа се одржа во Ликовен салон во времетраење од 9 часот до 16 часот.
Во претходните две вонредни акции, организирани во Велес во месеците април и мај, беа собрани по 63 крвни единици. Овој месец ОО на Црвен Крст реализираше две уште една акција во Гарнизонот на АРМ кога беа дарувани 25 крвни единици. /У.Ј