Приведени по еден пијан, Кавадарчанец со 3,13 и Велешанец со 2,13 промили, алкохол во крвта

Објавено: 29 декември, 2025, во 11:57 часот

Кавадарчанецот Т.С (43) бил приведен вчера напладне од полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци додека Велешанецот Б.Х (28) ноќеска, четириесет и пет минути по полноќ од полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес.

„Т.С.(43) од Кавадарци затоа што на улица: Миле В’чков во Кавадарци агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници од СВР Велес го привеле Б.Х.(28) од Велес затоа што во дворот од семејниот дом го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 2,13 промили алкохол во крвта. Б.Х е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.