Почина двомесечно бебе во Општа болница Кавадарци
Објавено: 15 јануари, 2026, во 11:17 часот
Бебето починало на Детско одделение во Од ЈЗУ Општа болница Кавадарци, вчера вечер, околу 21:35 часот. Тоа било на возраст од два месеци. Смртта на бебето е пријавена во Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
-Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12 јануари 2026, но и покрај пружената медицинска помош и направена реанимација починало. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, соопшти портпаролката на Сектор за внатрешни работи Велес, Ана Милевска Георгиева.
Убавка Јаневска


