Двајца кавадарчани приведени во полиција поради возење автомобили без дозвола, возилата привремено им се одземени
Објавено: 6 февруари, 2026, во 13:00 часот
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, прво го лишиле од слобода Ш.Ј.(42) од Кавадарци чие возило „опел“ при контрола во сообраќајот го запреле на на улица „Западен булевар“ во Кавадарци. Тогаш било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Возилото било привремено одземено.
Два ипол часа подоцна, на улица „Народен Фронт“ во Кавадарци, лишен од слобода е и Ј.В.(32) од Кавадарци. И тој возел „опел“ со охридски регистарски ознаки без возачка дозвола од Б категорија. Неговото возило исто така било привремено одземено.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Убавка Јаневска


