Директни летови од Скопје до Алгеро и до Палермо, во Италија
Објавено: 17 февруари, 2026, во 14:32 часот
Од аеродромот во Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии кон Алгеро Сардинија и кон Палермо од месец јули, годинава, најави министер за транспорт Александар Николоски.
-Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро – Сардинија во Италија, а од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија. Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот, соопшти министерот Николоски.
Тој исто така најави зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.
-Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром, додаде Николоски.
Дума.мк

