Двојно повеќе казнети велешани од кавадарчани и неготинци за не носење на заштитна маска
Објавено на 8 јули, 2020 во 15:37
8.07.2020
Во изминатите 24 часа полициските екипи на СВР Велес, во чиј состав се полициските станици во Велес, Кавадарци и Неготино за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казниле вкупно 39 граѓани.
Најголем број од нив се велешани или вкупно 20 во Велес.
Двојно помал е бројот на граѓани што не носеле маска додека биле на улица во Кавадарци и изнесува 10 додека во Неготино казнети се десет граѓани./С.А