Објавен 23 Меѓународен конкур за стрип на Стрип центар Македонија

Објавено: 6 март, 2026, во 10:18 часот

Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, го објави традиционалниот  Меѓународниот конкурс за стрип. Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста кои ќе испратат стрипови долги од 1 до 6 табли, на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 3 сликички.

„Tемата на стрипот е слободна. Исклучок се темите на учениците од основно и средно образование коишо треба да се консултираат со своите училишта околу евентуалната тематика, Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови. На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…) Заедно со стрипот потребно е да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот создаден. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди. Стриповите од македонски автори ќе имаат предност при оценување доколку  бидат на македонски јазик и кирилско писмо. Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на  изложбата на Салонот на стрип  ВЕЛЕС 2026 со реална можност за друг вид на промоција, напишаа од Стрип центар на Македонија.

Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена  комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи за добивање на една од наградите. И тоа за прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, втора награда ”Сребрен стрип „  парично во склад со финансиите, трета награда ”Бронзен стрип”  парично во склад со финансиите, награда за најдобро сценарио, награда за најдобар млад автор до 18 години и други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 01 август, година на адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот) на ул. Васил Ѓоргов бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија или преку е-маил : [email protected]. За повеќе информации заинтересираните може да се јават на  горенаведениот емаил или на тел +38978867327

Конкурсот е составен дел на активностите на традиционалниот 23 Мегународен стрип салон „Велес 2026“- најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот  е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.