Со казна од 500 евра осуден жител на село Мартолци за  кривично дело „убивање и мачење животни“

Објавено: 6 март, 2026, во 14:01 часот

Паричната казна од 500 евра ја пресуди Основниот суд во Велес којшто огласи за виновен жител на Општина Чашка кој што повредил куче што подоцна починало.

Настанот се случил во село Мартолци, минатата година, на 13 мај, околу 8:30 часот, во двор од семејна куќа. Во дворот, што не бил ограден, влегло кучето на обвинетиот сосед.

Штом обвинетиот маж го забележал кучето во неговиот двор, посегнал по вила со четири метални краци и со неа двапати го прободел животното, еднаш во пределот на главата и еднаш во пределот на вилицата.

Кучето во тешка клиничка состојба со знаци на шок било изложено на непотребни маки и болки, по што било евтаназирано од ветеринар од ветеринарна станица.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.