Учествувале во сообраќајка, избегале од местото па пријавиле во полиција, еден од возачите приведен поради пијанство
Објавено: 31 март, 2026, во 11:56 часот
Во село Виничани, општина Градско, вчера вечер, во 21:00 часот, полициски службеници на СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(67) од Виничани.
Претходно, на локален пат Градско-село Виничани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М. и патничко возило „волво“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.В.(63) од Градско.
-По несреќата двајцата возачи го напуштиле местото, а М.В. го пријавил настанот во полициска станица. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска




