Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама

Објавено: 2 април, 2026, во 15:50 часот

Фото: Одделение за внатрешни работи Свети Николе

Фирмата претрпела штета во висина од 44.222 евра кога финансиски средства биле уплатени за набавка на репроматеријали но, пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија. Трансакцијата била пресретната а средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.

Измамата според Секторот за внатрешни работи (СВР – Штип)  била пријавена на 27 март, годинава, во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе. Таму 24-годишната сопственичка на фирмата од Свети Николе соопштила дека девет дена претходно, поточно на 18 март, вработена направила нарачка на репроматеријали од фирма во Италија и шест дена подоцна добиле известување, на електронска пошта, од странската фирма за промена на банкарска сметка со профактура во прилог.

Светиниколската фирма на 27 март извршила девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач но, подоцна добиле известување од банката дека плаќањето било извршено пред да се изврши проверка и одобрение на девизното плаќање по што биле известени од фирмата од Италија дека  комуникацијата била пресретната, односно трансферот на паричните средства не бил направен на нивната сметка, туку стигнале на непозната сметка во Португалија.

Од СВР-Штип  соопштија дека преземале мерки за расчистување на случајот.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.