СВР Велес демантира дека во општината се давани пари како поткуп во вид на социјална помош

Објавено: 14 јули, 2020, во 13:48 часот

SVRVeles fin

14.07.2020

Секторот за внатрешни работи Велес ја демантира објавената информација на дел од интернет порталите за поткуп преку исплата на социјална помош од уште по 2.000 денари. Во демантот на полицијата пишува:

„Во врска со информацијата обајвена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните, Ве известуваме дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа. Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите.“

Пријава денеска за ваков вид на можен изборен поткуп не стигнала ниту во Основното јавно обвинителство во Велес. /У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.