Облачно утро имавме во Македонија со слаби локални врнежи
Објавено: 11 април, 2026, во 09:00 часот
„Денешното утро Велика сабота 2026 во Македонија ни донесе зголемена облачност, тоа значи како што претходно најавив од север кон територијата на Македонија ни се спушта облачна воздушна маса која особено во северните и во источните предели ни донесе слаби локални врнежи од дожд. На Попова Шапка провејуваше и слаб снег.
Најладно ова утро беше на Попова Шапка со -2 степени. На другите места и градови ова утро температурите насекаде беа над нулата,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
На табелата која ова утро ја објави УХМР можете да ги видите минималните температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.





