Пронајден починат маж во неговиот дом во Согле,Општина Чашка
Објавено: 14 април, 2026, во 12:04 часот
Полициски службеници на сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, по 22:30 часот постапиле по пријава и влегле во домот на Г.П (59) во село Согле, општина Чашка, за да ја потврдат вистинитоста на информацијата дека тој бил пронајден починат.
„Лицето Г.П претходно имало здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска



