Изгоре долен кат на куќа во центар на Велес, пожарникарите го спасиле горниот дел и домовите на соседите (фото)
Објавено: 19 април, 2026, во 10:04 часот
Пожарот во куќата на улица „Страшо Пинџур“ број 9, во територијалната против пожарна единица бил пријавен, вчера вечер, 25 минути пред полноќ.
„Територијална потив пожарна единица Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и 7 пожарникари спасители.По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги пожарот за брзо ставен е под контрола и потоа е целосно ликвидиран. Во акцијата нема повредени лица,“ соопштија од ТППЕ Велес.

На лице место, утрово, по завршениот увид на Увидната екипа на Сектор за внатрешни работи Велес глетката прикажа дека целосно е изгорен долниот кат на куќата во која повеќе нема дограма и мебел. Според сопственикот Митко Ј. изгорена е целата покуќнина и спакувани за транспорт мебел и гардероба.
-Ние одамна не живееме во куќата и се беше спакувано како и симнато во приземјето за полесно изнесување и транспорт откако добивме понуда од инвеститор за градба на зграда. Иако често доаѓавме не забележавме дека имало намера за ваква ситуација. Се гледа дека пожарот е подметнат од пред влезна врата. Се сомневам дека станува збор за зависници од дрога, рече Митко.

Неговата запалена куќа се наоѓа на една од главните улици, „Страшо Пинџур“ во строгиот центар на градот, спроти фонтаната на плоштад „Саармаале. Таа е дел од комплекс на поодамна изградени куќи во густо населен дел на Велес. Брзата интервенција на пожарникарите ги спасиле од огнот соседните, залепени една до друга, куќи.
Убавка Јаневска


