Засадени нови 2,5 илјади садници на брег на езеро „Младост“ – Европска Унија со порака „Наша Европа – Растеме заедно!“
Објавено: 12 мај, 2026, во 11:28 часот
Засадените садници се од видот јасен и јавор, како препорака на македонските експерти за обновување на шумскиот фонд на велешко езеро. На локација „Бела вода“, над мотелот се до трлата, младите фиданки ги засадија ученици од општинските средни и основни училишта, волонтери на Младински центар Велес, вработените во Јуроп Хаус Велес, членови на Совет на општината и градоначалникот Марко Колев. Логистика на акцијата за пошумување дадоа вработените на Шумско стопанство „Бабуна“.





Акцијата е дел од активностите на Делегација на Европска Унија во рамки на годинешното одбележување на 9 Мај – Денот на Европа. Претставникот Мартин Шродер ја пренесе заложбата да се помогне во обновување на шумскиот фонд на езерскиот брег на „Младост“ целосно деградиран по големиот шумски пожар во месец август 2015 година. Денеска засадените 2,5 илјади садници со јасен и јавор се донација на Јуроп Хаус Велес за велешко езеро „Младост“.

Од акцијата беше испратена порака и за желбата на велешани дека со секое ново насадено дрвце се враќа надежта за ревитализација на белите дробови на Велес како и за поголема отпорност кон последиците на климатските.
Убавка Јаневска



