Први „Плазма спортските игри“ во Велес предизвик за натпревар на 350 велешки и основци од Лозово и Свети Николе (видео и фото)
Објавено: 28 мај, 2026, во 16:04 часот
Сите овие 350 ученици од општинските основни училишта се натпреваруваа на Зонски спортски игри,(Велес, Лозово и Свети Николе) во стандардните дисциплини како мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка но и во подзаборавените маалски како народна, горенка и други. Нив денеска на спортските терени на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ги бодреа над 1.000 велешки средношколци кои беа во публика. Победниците се пласираа на регионални „Плазма спортски игри“ и тие што ќе бидат победници во регионите ќе се натпреваруваат на Државни „Плазма спортски игри“. Победниците во Македонија ќе ја претставуваат својата држава, во месец август, годинава, во градот Сплит, Хрватска на натпревар на регионот со победници на државите Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.

„Плазма спортски игри“ во Македонија се одржуваат за прв пат додека во останатите спомнати држави се традиционални. Годинава нивни организатори кај нас, во Македонија, се Федерација на училишен спорт со Општинските Сојузи како и Општините, рече Иле Попов – претседател на Сојуз на училишен спорт на Велес. Тој ги сподели денешните искуства од „Плазма спортските игри“ во Велес и предвиде дека градот, кој важи за спортски, сигурно дека ќе ги даде првите млади спортисти кои Македонија ќе ја претставуваат на натпреварите во Сплит, Хрватска.

Пепи Манасков и Панче Ќумбев, велешките спортски асови или легенди, исто така, се поддржувачи на „Плазма спортските игри“. Тие денеска беа дел од зонското натпреварување и го донсоа олимпискиот памен на зонскиот натпревар заедно со маскотата. Ќумбев вели дека со Манасков, биле почестени и сподели свои импресии од тоа што го следел на спортските терени на велешката Гимназија. Ќумбев има и порака за децата спортисти.
Комисијата на зонските спортски игри, задолжена за сумирање на резултатите, во Велес сеуште сумира резултати. Според претседателката Снежана Каракачанова ако не до вечер тогаш утре ќе ги соопштат победниците или младите спортисти победници кои одат на Регионален Плазма спортски натпревар.
Убавка Јаневска


