ДЗС: Вардарски регион со највисока стапка на слободни работни места, најголем недостиг од работници во угостителството

Објавено: 2 јуни, 2026, во 13:35 часот

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика стапката на слободни работни места во Македонија во првото тримесечје од 2026 година изнесува 2,07%. Најголем број слободни работни места, вкупно 2.346, има во групата занимања „работници во услужни дејности и продажба“.

По региони, највисока стапка на слободни работни места има Вардарскиот Регион, 2,28%. Во Полошкиот Регион стапката изнесува 1,74%, при што се евидентирани 556 слободни работни места, додека бројот на пополнети работни места е 31.323.

Ако се гледа по сектори, најголема потреба од работници има во секторот „Сместување и послужување храна“, каде стапката на слободни работни места достигнува 4,94%. Ова значи дека најмногу кадар недостига во хотелите, рестораните, кафулињата и угостителските објекти. Од друга страна, најмалку слободни работни места има во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде стапката е само 0,15%.

Според големината на фирмите, највисока стапка на слободни работни места-3,05% имаат компаниите со 10 до 49 вработени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.