Македонија на удар на силно невреме со електрични празнења и крупен град

Објавено: 8 јуни, 2026, во 08:57 часот

„ Утрово, во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност без изразен ветер. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро, понеделник 8 јуни.

До четврток, 11 јуни во Македонија времето ќе се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 32 степени.

Во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Меѓутоа, од пладневните часови локално ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради значителното загревање на атмосферата и исполнета со енергија, локално атмосферските процеси ќе бидат доста интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде  и крупен.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град.

Апелирам поради очекуваното невреме, граѓаните да обратат поголема внимателност и во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвја, особено кои што се стари и осамени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.