Во росоманско Паликура, се запалил автомобил во двор а пожарот се проширил на помошни простории со механизација
Објавено: 9 јуни, 2026, во 13:47 часот
Пожарот бил пријавен рано утринава во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци со информација дека го гаснат кавадаречките пожарникари. Кога огнот бил изгаснат Увидна екипа извршила увид.
„На 08.06.2026 година, во 04:50 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека во село Паликура, росоманско, во двор од семејната куќа на С.Ј.(55) од Скопје настанал пожар на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил помошни простории, трактор „фергусон ИМТ 539“, приклучна механизација и други предмети. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дијана Иванова


