Ладен атмосферски фронт од северозапад донесе силно невреме на Балканот и во Македонија
Објавено: 12 јуни, 2026, во 09:08 часот
„Вчера вечер и во текот на ноќта до рано утрово, петок 12 јуни, во Македонија, на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер со локална појава на невреме кое што беше проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Сето ова беше поради влијанието на ладниот атмосферски фронт кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до Балканот и до Македонија и ни донесе многу нестабилно време поради судирот на истиот со значително потоплиот воздух од југ кој што до вчера се наоѓаше над нашиот дел од Европскиот Континент. Силно невреме имаше на повеќе места и во соседството.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите денешните минимални измерени температури до 8 часот утрово по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 8 часот утрово. Најмногу дожд и тоа 16 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна на Попова Шапка и во Тетово.“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


