Китановски и Стојчевски од Чајниче, БиХ: Прв Меѓународен турнир на младите фудбалски надежи на ФА „Галактикос“ од Лозово и освоено едно четврто место и две четвртфиналиња
Објавено: 15 јуни, 2026, во 14:26 часот
Ним, на трите генерациски тимови на млади фудбалерки и фудбалери, од 2014, 2015 и 2016 на Фудбалска Академија „Галактикос“ од Лозово треба да им се верува. За прв пат излегоа на меѓународен фудбалски терен и освоија едно четврто место како и две четвртфиналиња. Младите фудбалски надежи на Лозово, овие резултати ги постигнаа на Меморијален Младински Фудбалски Турнир „Младен Обреновиќ Брена“ во Чајниче, Босна и Херцеговина.

Според зборовите на тренерот Антонио Китановски, неговите избранички и избраници, во трите тима ги оставија своите мали срца на големите фудбалски терени во Чајниче.
Овој турнир годинава се одржува по 10 пат во Босна и Херцеговина. Таму од петокот 12 јуни, беа вкупно 29 спортските репрезенти поточно 11 фудбалерки и 18 фудбалери, од три генерации на општина Лозово.


-Конкуренцијата е јака, учествуваат 12 екипи од пет држави но и нашите фудбалерки и фудбалери, на Фудбалска Академија „Галактикос“ го претставуваат Лозово и Македонија во најдобро светло, додаде тренерот Ѓоко Стојчевски.

Најдобар резултат или четврто мест постигна генерацијата 2014 која го освои четвртотот место по одигран нерешен натпревар во полуфинале и промашен пенал за учество во финалниот натпревар. Тимовите Генерација 2015 и 2016 стигнаа до четврт финални натпревари. И тоа се успеси во прво излегување на меѓународни натпревари, задоволни се тренерите Стојчевски и Китановски.


Овие младите фудбалерки и фудбалери на Лозово само што тргнаа на пат за дома. Но во Лозово остануваат до петок затоа што во претстојниот викенд ќе бидат во Владичин Хан, Србија на нов Интернационален турнир.
Убавка Јаневска


