Велес со највисока температура во Македонија на првиот ден од летото
Објавено: 22 јуни, 2026, во 09:16 часот
Вчерашниот ден 21 јуни недела, кога официјално и календарски ни започна летото, во Македонија е измерена највисоката максимална температура на воздухот досега годинава и тоа во Велес каде вчера до 17 часот се измерени 37 степени, соопшти метеорологот Славчо Попоски.
-Во попладневните часови вчера особено во планинските предели имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а имаше и локална појава на град. Слични температури ќе имаме и денес и тие ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени , додаде Попоски.


