Топло. со температури до 38 степени а попладне со можно невреме проследено со град

Објавено: 1 јули, 2026, во 09:00 часот

Сончево и топло време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а на одделни места е можна и појава на краткотрајно невреме со град.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во одделни делови од котлината ќе има услови и за краткотрајно невреме.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.