Попов: Екипи на сите основни училишта од Велес обезбедија учество на Меѓународните „ПЛАЗМА Спортски Игри за млади“ во Сплит (видео и фото)

Објавено: 1 јули, 2026, во 12:17 часот

На Меѓународните „ПЛАЗМА Спортски Игри за млади“ ќе учествуваат екипи на сите четири општински основни училишта од Велес. Некои од нив со една а повеќето и со две и три екипи во различни спортски дисциплини затоа што на вчера одржаните Државни натпревари тие постигнаа одлични резултати поточно освоија поголем број на први места дури и од екипите на училиштата во Скопје и во уште неколку поголеми градови во Македонија.

-Покажаните резултати престставуваат голем успех коиј што е потврда дека во спортскиот развој на младите на Велес се вложуваат голема посветеност и максимален труд кои што даваат резултати, рече Иле Попов – претседател на Сојуз на училишен спорт на Велес и соопшти кој се патува на натпреварите во Сплит, Хрватска кои што ќе се одржат наредниот месец.

Попов упати искрени честитки до сите ученици, наставници и ментори на сите основни училишта за посветеноста, трудот и спортскиот дух што го покажаа на натпреварите. Исто така на младите спортисти и нивни ментори им посака успех и нови победи на претставувањето на Македонија во Сплит.

Убавка Јаневска

Фото галерија од Државни ПЛАЗМА спортски натпревари во Скопје

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.