Меѓународен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“, oд вечерва, на Градски плоштад во Кавадарци

Објавено: 2 јули, 2026, во 16:17 часот

Започнувајчи од вечерва и во наредните две вечери, од 2-ри до 4-ти јули, во Кавадарци се одржува традиционалниот Меѓународен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“.

Фестивалот ќе започне со Дефиле низ главната кавадаречка улица “Илинденска“ со сите учесници пред секоја фестивалска вечер. Дефилеата започнуваат во 19:30 часот, а концертите во сите три фестивалски вечери започнуваат во 20:00 часот.

Годинава учесници се: „CECUC“ – Костарика; ФГ „Мишел Грион“ – Италија; КУД ,„Доситеј Обрадовиќ“ – Белград, Србија; Ансамбл „Вазраждане-1927“ – Бугарија; КУД „Илинден„ – Битола; ФС „Блажевски“ – Скопје; КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп; КУД „Илинден“ – Струга и секако домаќинот, најголемиот кавадаречки културен амбасадор Фолклорен ансамбл „Тиквеш“ со повеќе постави.

„Фестивалот е подржан од Општина Кавадарци и општествено одговорни фирми од Кавадарци и од Македонија. Меѓународниот фестивал “Кавадаречки фолклорни средби 2026“ е еден од настаните кои ќе ги одбележат летните месеци во Кавадарци,“ соопшти организаторот  Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.