Сончево време со мала облачност

Објавено: 10 јули, 2026, во 08:51 часот
Фото: Велес

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 20 Целзиусови степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Топлото време ќе се задржи во сабота, а во недела на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и со грмежи.

Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.