Во Општина Чашка има струја, денеска се расчистуваа штетите од вчерашното невреме и се гаснеше пожар

Објавено: 22 јули, 2026, во 15:18 часот

Работниците на ЕВН го санираа столбот на електричниот вод со што од 14:00 часот денеска обезбедено е потребното напојување со струја на селата во Општина Чашка. На територијата на општината како последица на вчерашното невреме, исто така, вработените на ЈКП „Тополка“ со дел од општинските работници интервенирале на собирање на голем број на скршени и откорнати дрвја и гранки како и на расчистување на улици и патишта.

-Сите населени места имаат електрична енергија. Цело претпладне бевме во постојана комуникација со ЕВН со цел да се санираат штетите на далеководот кој што беше причина за тоа што до домовите на граѓаните во голем број на населени места на територијата на општината од вчера попладне немаше струја.  Санирани се и сите штети поточно собрани се паднати или откорнати дрвја и скршени гранки. Исто така во текот на денот имаше и една интервенција на гаснење на пожар, Огинот го гаснеа вработените на ЈКП „Тополка“ со цистерната на Општина Велес, рече градоначалникот Суат Шакиров.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.