Ударнички на траса, бригадирите на ЗГ „Акцијаш ветерани“ на езерото „Газиводе“ работат на „Новопазарска плажа“
Објавено: 31 јули, 2026, во 14:18 часот
Штотуку искипаниот шљунак од камионите го распостилаа на површината на плажата на езерото „Газиводе“, бригадирите на велешкото здружение „Акцијаш ветерани“ и беа максимално прецизни во изведбата на последните метри од годинешната површина. По вчерашното тампонирање и нивелирање на последните метри, денеска, на последниот работен ден на траса, тие работат на постилање на ситниот песок на годинешните нови метри езерска плажа.

-И ние и сите останати бригадири, учесници на ОРА „Нови Пазар 2026“ сме максимално посветени на работата на траса. Иако времето е многу топло сепак работиме ударнички. Зацртавме дека ќе ја исполниме и натфрлиме нормата а зад себе ќе оставиме белег дека сме биле учесници и сме создале нов плажен дел што ќе го користат сите туристи како и граѓаните на Нови Пазар, рече Горан Петков претседател на ЗГ „Акцијаш ветерани“.



Бригадирите на ова велешко здружение се дел од Македонската работна бригада која доброволно или волонтерски работи на ОРА „Нови Пазар 2026“ заедно со бригадири од соседна Србија, од Босна и Херцеговина и од Турција. Денеска е последниот работен ден на седумдневната работна акција која завршува утре, сабота, 1 август со свечено затворање.
Убавка Јаневска


