Измамен неготинец со лажна телефонска порака за сторен сообраќаен прекршок, оштетен е за  26.908 денари

Објавено: 20 август, 2026, во 16:32 часот

Измамата била пријавена од страна на оштетениот 44-годишен неготинец, вчера попладне, во Одделение за внатрешни работи (ОВР Неготино).

„На 19.08.2026 во 14:50 часот во ОВР Неготино 44-годишен неготинец пријавил дека бил измамен за сума од 26.908 денари. Според пријавеното, тој добил порака на телефон за наводно сторен сообраќаен прекршок со детали за начин на уплата на глобата во висина од 920 денари, за која било наведено дека ќе биде наплатена со  попуст од 50 проценти и прикажана сума од 460 денари. Пријавителот ги следел инструкциите и со картичката на неговата сопруга ја започнал постапката за уплата, по што му стигнала порака за успешна трансакција, а по кратко добил уште една порака и откако ја проверил сумата што му е повлечена од сметката сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.