Изгаснат пожарот над село Нежилово, во општина Чашка

Објавено: 1 септември, 2026, во 07:47 часот
Фото: Архива

Дожд го изгасна ноќва пожарот кој четири деноноќија пеплосуваше ниска вегетација и единечни дрвја на местото викано Сватови, над село Нежилово, во општина Чашка.  Огнот зафатил смреки. Според надлежните пожарот избил на надморска височина од 1.300 и стигнал до 1.900 метри. Невозможно било да се гасне од земја.

Селото Нежилово се наоѓа во богомилскиот атар веднаш под соседните Папрадиште и Ореше. Пределот е дел од големи и квалитетни насади со дрвја. Претежно даб и бука. Огнот за среќа не стигнал до нив.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.