Топло време, попладне дожд и грмежи

Објавено: 3 септември, 2026, во 08:41 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во одделни подрачја временските процеси ќе прераснат во невреме со силен ветер, пороен дожд и со грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне се очекува краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.