На Државно првенство во кајак спуст убедливо најдобри кајакарите на „Арка Борец“
Објавено: 14 септември, 2026, во 08:22 часот
Педесет натпреварувачи во пионерска и сениорска конкуренција учествуваа на годинешното Државното првенство во кајак спуст. Првенството се одржа на река Вардар во Градски парк во Велес каде екипите се натпреваруваа во машка и во женска категорија .

Со освоени осум први места во индивидуални и тимски настапи ККК „ Арка – Борец“ од Велес убедливо триумфираа, втор е кајакарскиот клуб „Илинден“ од Скопје а теретото место го освоија ККК „Вила Зора“ од Велес.


Кајакарите на „Арка – Борец“ беа први во: пионерска женска конкуренција, во тимското возење 3×К1 за пионери, во сениорска конкуренција, во спринт К1 за мажи, во спринт C1, во тимскиот спринт, во дисциплината К1 класик и во класик тимското натпреварување.
Убавка Јаневска


