Роберто Димитриевски трет на 8-ма Атлетска трка „Трчај бе“ во Битола

Објавено: 15 септември, 2026, во 09:27 часот

Атлетичарот Роберто Димитриевски, член на Атлетскиот клуб  „Велес“, викендов на 8-ма Атлетска трка „Трчај бе“ во Битола го освои третото место на трката на 5 километри.На трите атлетски трки на 5, на 10 и на 21 километари односно на полумаратонот  низ главните битолски улици и со финиш низ „Широк Сокак“ , учество земаа 1500 тркачи од 18 земји во светот, од кои најглем број од Македонија.

За Дума.мк, Димитриевски изјави дека е среќен за оваа победа на трката во Битола, на која учествува повеќе пати и оцени дека како и во изминатите така и годинава била одлично организирана додека учесниците  имале идеални услови за трчање, после дождот и  заладувањето.

Инаку првото место на само неколку секунди пред Димитриевски, во самиот финиш, го освои младиот велешки атлетичар, 19 годишниот Андреј Арсов кој од велешки АК„Борец“ премина  во Атлетскиот  клуб „Олимп“ од Скопје, а втор на целта  и на  една  секунда пред Роберто, стаса, Димитар Петровски од скопскиот АК „Олимп“.

На трката на  5 километри кај жените прва е Жаклин Желева од Бугарија, втора беше Ирма Хајдари од АК „Олимп“ од Скопје , а трета  12 годишната и најмлада македонска, успешна атлетичарка Ана Бегова од Македонија од АК „7 ми Ноември“ од Гевгелија.

На трката на 10 километри кај жените победи Викторија Неиш од Унгарија, Елисавета Димовска од Македонија беше втора, а трета Памела Ени од Бугарија..

Кај мажите на 10 километри победи Бонфас Мбуру Мунгаи (Bonface Mburu Mungai) од Кенија, втор беше Григоријан Никовски од Македонија , а трет Ибраим Мамудов од Македонија .

На 21 километар во женска конкуренција победи Нанси Гитанга Ваигумо (Nancy Githanga Waigumo) од Кенија, втора беше нејзината сонародничка Естер Чесанг Какури (Esther Chesang Kakuri) , а третото место го освои Маринела Нинева од Бугарија .

Во машка конкуренција на 21 километар најбрз беше Џон Чеге Ваверу (John Chege Waweru) од Кенија, второто место му припадна на Тирон Мамуша (Tirron Mamusha) од Косово додека трет беше Димитар Илиев од Македонија.

Во рамките на „Трлај бе“ во Битола се одржа и Националното првенство на Македонија во полумаратон.

Во женска конкуренција национална шампионка е Адријана Поп Арсова Рашиќ од АК „Олимп“. Второто место го освои Благица Јованова од АК „Делта“, а третото Марина Домазетовска од АК „Олимп“.

Кај мажите национален шампион е Димитар Илиев од АК „Олимп“. Втор е Жан Тосев од АК „Струмица“, а трет Игор Трифуновски од АК „Скопски Маратон“

Наградите на најдобрите на Националното првенство на свечената бина во Битола им  ги врачи Александра Војнеска Зикова, претседателка на Атлетската Федерација на Македонија. Таа е македонска олимпијка и членка на Советот на European Athletics.  

Инау годинешното издание на „Трчај бе“ во Битола  традиционалните награди на трката на 5 километри, беа поврзани со името на Стевче Ѓоргиевски, едно од значајните имиња во историјата на битолската атлетика и АК „Олимп“.

Стевче Георгиевски е поранешен југословенски репрезентативец и балкански јуниорски шампион во крос на 5.000 метри. Неговиот личен резултат од 14:06.52 на 5.000 метри останал недопрен речиси четири децении.

Наградниот фонд за најдобрите на 5 километри го обезбеди Стевче Ѓоргиевски, со што  ја поврза денешната генерација атлетичари со традицијата на битолската атлетика. Женските награди на 5 километри беа посветени на неговата ќерка, Марија Макри, атлетичарка која неодамна почина.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.