Отворена изложбата „Дијалог на форми“ на Музеј-галерија Кавадарци во македонскиот КИЦ во Софија
Објавено: 17 септември, 2026, во 15:50 часот
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, вчера вечер, отворена е ликовната изложба „Дијалог на форми“.
Изложбата содржи дела на македонски уметници посветени на одбележувањето на православниот празник Свети Трифун во Кавадарци.
Ликовната изложба е плод на воспоставената соработка помеѓу Музеј галерија – Кавадарци и Македонскиот КИЦ во Софија.
Изложбата ќе остане отворена за посетителите до 6 октомври, годинава.
Убавка Јаневска


