(ФОТО) Се чистат земјените делови околу железничката пруга Скопје – Гевгелија и одводниот канал во центар на Велес
Објавено: 24 август, 2020, во 12:31 часот
24.08.2020
Со механизација багер приспособен да вози по шини и приколка закачена на шинско возило, денеска, ЈП „Македонски железници“ го уредува земјениот простор покрај пругата Скопје – Гевгелија во централното градско подрачје на Велес.

Вработени во националната железничка компанија собраа големи количини на земја, шут, трева, гранки и смет на потегот од преминот на мост „Гемиџии“, на преминот на долниот влез во населба Дворови и преминот на горниот влез во истата населба.

Тие го проверуваа и каналот за прибирање на атмосверска вода и од него исцрпеа поголеми количини на пластични шишиња и смет.

Работници,исто така, го средуваа брегот покрај куќите и камениот ѕид што служи за оградување на пругата од сокаците и од куќите. Според претпоставените ова е акција за уредување на просторот и за чистење, особено на каналот, по невремето кое во неколку наврати го зафати Велес.

Деновиве можеше да се забележи дека големи количини на смет што го растураат граѓани кои пребаруваат во контејнерите поставени на преминот преку пругата на горниот влез во Дворови, спроти кафетерија „Капри“, создаваа проблеми особено со водата во каналот за прифаќање на атмосверската вода што во количина на поголеми потоци се слеваше од плоштад „Сармаале“ ./У.Ј



