Повредена велешанка во сообраќајка на крстосница во Велес, се здобила со скршеница на рачен зглоб
Објавено: 30 септември, 2026, во 14:01 часот
На крстосница од улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес, вчера претпладне, во 10:45 часот, товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С.(69) од Велес удрило во 65-годишната С.Н. од Велес.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општа болница Велес,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„Пациентката е донесена во Општа болница Велес и примена во Хирушки амбуланти. По прегледот од страна на специјалисти по хирушки болести препратена е на Рентген каде е снимена и од резултатите е утврдено дека се здобила со скршеница на десен рачен зглоб. Направена и е имобилизација, дадена соодветна терапија и пуштена на домашно лекување,“ соопштија од велешка болница.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Велес.
