АК „ВЕЛЕС“ освои прво место на трката Тим билдинг на 22. WIZZ AIR Скопски маратон

Објавено: 5 октомври, 2026, во 15:17 часот

Велешкиот атлетичарски тим кој го постигна овој резултат беше составен од  Роберто Димитриевски, Верољуб Додевски,Зоран Димов и најмладиот, 17 годишниот Томи Димовски.  членови на Атлетскиот клуб„ВЕЛЕС“ од Велес  на 22. WIZZ AIR Скопски маратон го освоија првото место  во трката Тим билдинг на Комерцијална банка на 5 километри мажи.Велешките атлетичари како тим  се пласираат први и го освоија златниот пехар  во  силна конкуренција на 185 екипи.

Инаку од нив поединечно најдобро се пласира атлетичарот  Роберто Димитриески освојувајќи го четвртото место во силна конкуренција од  15 050 натпреварувачи од 63   земји од светот.

На главната трка, маратонот  на 42.195 километри, учествуваа 800 натпреварувачи, а  на 21 километар, полумаратон, се натпреваруваа  3.000 учесници.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.