Неготинец обил паркиран автомобил и одзел пари и предмети, полицијата го открила и привела
Објавено: 5 октомври, 2026, во 11:35 часот
„На 04.10.2026 во 12:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(30) од Неготино. Тој се сомничи дека од паркирано возило, сопственост на 38-годишен неготинец, со употреба на сила одзел пари, а од возило на 22-годишен неготинец одзел разни предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците. С.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


