Во ШС „Бабуна“ ќе може да се купи огревно дрво за претстојната зима, се примаат уплати

Објавено: 5 октомври, 2026, во 15:52 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Уште на околу 3 отсто од граѓаните на општина Велес, кои имаа уплатено годинава огревно дрво, во ЈП Национални шуми – ШС „Бабуна“ треба деновиве да им стигнат количините на огревно дрво за претстојната зима. Останатите планираниот огрев го добија. Во складот на ШС „Бабуна“ стигнуваат и веднаш се распределуваат уплатените количини на дрвна маса од видот бука и даб.

Директорката Жаклина Гушева рече дека испораката тече без проблеми и потврди дека овој месец исто така огревно дрво ќе можат да уплатат и добијат граѓани кои досега немале уплатено.

-Дрвата чинат 3.100 денари за метар просторен бука и 3.200 за метар просторен даб. Се враќа довербата на граѓаните кон ШС „Бабуна“ и ние ќе ја оправдаме со тоа што како ќе ги примаме количините во складот така ќе ги информираме граѓаните за тие да можат да доаѓаат и да одлучат дали веднаш ќе сакаат да ги подигнат или ќе чекаат нов дотур, додаде Гушева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.