Велешка концертна вечер на уметницата Андријана Арлен, започна македонската турнеја на „Silver Night Tour 2026“ (видео)
Објавено: 1 ноември, 2026, во 12:30 часот
Велешани кои, вчера вечер,присуствуваат на концертот „Silver Night “ на уметницата Андријана Арлен во Театар „Јордан Хаџи Константинов Велес“ имаа ретка можност да уживаат во современ музичко-сценски концепт што ги спојува класичната музика, авторските композиции, електронските ритми, оркестарот, вокалните изведби, танцот и визуелната уметност во едно впечатливо доживување.
Уметницата на концертот ги изведе авторските композиции „Time for goodbye“, „Memories of You“, „Missing You“ и „In the silent of my heart“.
На концертот заедно со Арлен, како гости настапија музичкиот уметник на саксафон Љупчо Станковски „Saxman“, ди џејот Зоран Николов „Zorbital“ и танчерска група „Анабела“ со одлично вкомпонирани кореографии на музичките изведби.
Впечатлив дел од концертот беше заедничкото музицирање на уметницата Арлен со битолски Камерен оркестар, под диригенство на Владимир Димовски со програма на која беа композициите „Time for goodbye“, „Memories of You“, „Missing You“, „In the silent of my heart“,„Unfaithful“, „Love story“ и „Ballade for Adeline“.
Режисер на концертот беше Димитар Оровчанец.
Со концертот во Велес, Андријана Арлејн, ја започна македонската турнеја на „Silver Night Tour 2026“ која ќе продолжи во Битола на 12 ноември, во Штип на 14 ноември и во Скопје на 7 декември во Македонската филхармонија.

Оваа македонска турнеја ја продуцијара „Инфера Студио“ со продуцентот Александар Стојковски.
Убавка Јаневска


