Новороденчето заразено со морбили во Велес е на шест месечна возраст, од службата на Здравствен дом апелираат децата да примат МРП вакцина поради последиците

Објавено: 4 ноември, 2026, во 14:26 часот

На шест месечна возраст е новороденчето од Велес кое е потврден случај со морбили или мали сипаници од страна на Институт за јавно здравје. Тоа според вакциналниот календар ги примало останатите но според возраста не можело да ја прими  МРП вакцината потврди д-р Марина Тодоровска, педијатар и раководител на Службата за  превентива заштита на предшколски деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

– Детето е носено на контроли во Службата во Велес и ги има примено вакцините кои досега одговараа на неговата возраст. За жал поради недоволната возраст за примање на оваа вакцина новороденчето не е вакцинирано за мали сипаници. Овој случај е директна последица на намалениот вакцинален опфат кога страда колективниот имунитет и се изложуваат на ризик доенчиња, новороденчиња кои поради помала возраст не можат да бидат вакцинирани, возрасни луѓе кои поради имуна болест не можеле и сега не можат да се вакцинираат, додаде д-р Тодоровска.

Фото: Д-р Марина Тодоровска, специјалист педијатар

Лекарката повтори дека во моментов одѕивот за вакцинирање на деца на предшколска возраст е најнизок споредувајќи го со изминатите 10 години.

-Ова беше очекувано бидејќи е последица на нискиот опфат на вакцинација. Сакам да упатам апел до родителите да не чекаат покана туку своите невакцинирани деца да ги донесат на вакцинација во Службата во Велес. Како тие кои што сега навршиле една година така и повозрасните деца чии родители ја одбиле вакцината или поради некоја оправдана причина досега не дошле за вакцинирање,“ додаде д-р Тодоровска.

Морбили или мали сипаници е еден од најзаразните вируси во светот. Во Македонија од страна на Институт за јавно здравје потврдени се четири случаи, три кај новороденчиња и еден кај странски државјанин како и откриен е и петти случај.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.