Велес трет ден домаќин на манифестацијата „59 Детски Рацинови средби“, в понеделник гости – учесници од Македонија и од странство

Објавено: 13 ноември, 2026, во 16:01 часот

Бројни настани кои се дел од Годинешната програма на поетско литературната манифестација се одржуваат деновиве во Локална библиотека „Гоце Делчев“. Институцијата ги отвори вратите за голем број на ученици од основните и средните училишта во Велес. Реализацијата на програмата е низ книжевни работилници, промоција на книга, одбележување на значењето на поетесата Македонка Јанчевска низ нејзиното повеќе децениско творештво и голема заслуга во поранешно одржување на манифестацијата, книжевни работилници, творечка лабораторија, посета на грнчарски работилници и друго, издвои Снежана Бошевска, претседателка на Организациски одбор на „59 Детски Рацинови средби“. Бошевска ги најави и настаните кои следуваат.

„Јазикот е значаен сегмент во творештвото на Рацин затоа организиравме работилница на оваа тема,“ вели проф.д-р Снежана Џамбазова – член на Организациски одбор на манифестацијата.

Претседателката на Жири комисијата за доделување на награди по распишаниот литераурен конкурс, М-р Десанка Николова рече дека 311 лични творби од ученици како од Македонија така и од странство биле предмет на оценки и за награди.

Во понеделник, на 16 ноември, во салата на „Киноверзум“ ќе бидат доделени наградите на годинешните избрани лични творби на годинешниот конкурс на тема „Рациновото подобро утре“. Тогаш во Велес се очекува да дојдат и на манифестацијата да присуствуваат деца од државата но и од Хрватска и од Србија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.