87 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин
Објавено: 25 ноември, 2026, во 09:34 часот
Оваа, 2026 година, се одбележуваат 87 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин. На денешен ден, 25 ноември, во малото место Самобор, во близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, е испечатена стихозбирката „Бели Мугри“, која содржи 12 песни („Денови“, „Печал“, „Селска мака“, „Елегии за тебе“ и „Утрото над нас“) кои се распоредени во пет циклуси.
Стихозбирката е издадена на македонски јазик во 4.000 примероци, со велешки говор и со примеси од западномакедонските говори, како и со македонска кирилична азбука, шест години пред официјалната кодификација на јазикот.
Убавка Јаневска


