Пожарот избувнал во канцеларии на Инспекторатот за животна средина

Објавено: 9 септември, 2020, во 07:27 часот

SEPgori1 fin

9.09.2020

Пожарникарите сè уште интервенираат во гаснење на пожарот што ја зафати зградата во која се сместени неколку државни институции.

Според првичните информации, пожарот е на првиот кат каде се наоѓаат канцеларии на Државниот инспекторат за животна средина.

Во истата зграда но на други катови се сметени и Секретаријатот за европски прашања (СЕП)и Медиумската информативна агенција (МИА).
Како што извести МИА, зградата е целосно евакуирана.

Објектот се наоѓа на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје и е поранешен објект на Комерцијална банка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.