МОН го повлече учебникот Македонски јазик за петто одделение
Објавено: 28 октомври, 2020, во 16:28 часот
28.10.2020
Министерството за образование и наука информира дека го повлече учебникот Македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина.
– Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма, соопшти МОН, додавајќи дека продолжува со силни реформски процеси во образованието и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.


